вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: отсуство | 11 резултати

Чочороска по десет години зад решетки излезе од затворот „Идризово“

декември 28, 2017

Станислава Чочороска, по десет години зад решетки, излезе од затворот „Идризово“, јави „Фокус“. Таа не е ослободена од издржување на казната, туку добила 30-дневно отсуство заради лекување. Во 2007 година таа беше осудена на 14 ипол години затвор поради организирање транспорт на 486 килограми кокаин, скриени во канти со поликолор.

Судот нема да чека екстрадиција, ќе му суди на Грујовски во отсуство за „Тврдина 2“

ноември 2, 2017

Кривичниот суд нема да ја чека екстрадицијата на поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујовски, кој е првообвинет во случајот „Тврдина 2“, и ќе му се суди во отсуство, одлучи денеска судијката Лидија Петровска. Таа, на денешната главна расправа, го отфрли барањето на Љупчо Шврговски, адвокат на Грујовски, судењето да се одложи на неопределено време, […]

Вангеловски ја одложи седницата за „Монструм“, ОЈО бара нови докази од СЈО

мај 30, 2017

Петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово Вангеловски, ја одложи јавната седница на која требаше да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени во случајот „Монструм“, поради отстуство на адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од осудените. Вангеловски седницата ја презакажа за 9 јуни, во 11 часот, а таа, како што […]

ВМРО-ДПМНЕ: Oтсуството на Груевски не е причина за одлагање на рочиштето за „Шамари“

март 10, 2017

Денешното судско рочиште за насилствата пред Општина Центар од јуни 2013 година не било одложено заради отсуството на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, (еден од 14. обвинети во случајот, н.з.), туку заради немање „основни процесни претпоставки за негово одржување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Лажните вести креирани од медиуми под контрола на СДСМ и на Сорос се уште […]

Наставниците сами решаваат дали ќе ги оправдаат отсуствата поради земјотресите

септември 14, 2016

Според информациите на „Мета“ од терен, и денеска во некои од одделенијата во училиштата во повеќе скопски општини на настава не се присутни сите ученици. Дали отсуството на учениците поради земјотресите ќе биде оправдано или неоправдано, ќе зависи од индивидуалната одлука на секој класен наставник, бидејќи Министерството за образование нема официјален став во однос на […]

„Але, кај е градоначалнико Талески“, прашуваат битолчани

мај 26, 2016

Најпоставуваното прашање меѓу битолчани последните недели е „Але, кај е градоначалнико Талески?“ По герила- акцијата со лажните евра со ликот на Талески, градоначалникот на Битола, кој претходно често излегуваше пред камери, сега со денови го нема во јавноста. Битолчани веќе ги бројат настаните каде Талески задолжително се појавуваше, а годинава ги заобиколи. Без присуството на […]

(ВИДЕО) Породилното, сепак, ќе го исплаќа Фондот?

ноември 8, 2014

Обврската да ги исплаќа надоместоците и натаму ќе ја има Фондот, одлучил Економскиот совет при Владата, во кој членуваат вицепремиерите и министрите од економските ресори. Според таа варијанта, тоа нема да ги засега фирмите. Ова, синоќа, гостувајќи во емисијата „360 степени“ на ТВ „Алсат-М“, го обелодени директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнарџиева-Змејкова.

Страна 1 од 1