fbpx

Нема ништо шокантно во зрната град кои наликуваат на корона вирусот

-

Овој текст со изборот на насловот „Шок од небото, паѓал град во облик на коронавирус!?“ се обидува да „шокира“, но нема ништо шокантно во тоа што зрната град имале облик на корона вирусот, бидејќи според метеоролозите, таквата форма е „сосема нормална“, пишува „КриТинк“.

Исто така, написот е контрадикторен бидејќи во еден дел се тврди дека тоа може да се протолкува како „божји знак“ за луѓето да седат дома, а во другиот дел има став од метеоролог кој ја објаснува оваа природна појава.

Додека во вториот дел од написот ги демантира ваквите шпекулативни и сензационалистички тврдења. Односно, пренесена е изјава од метеорологот при Светската метеоролошка организација, Хозе Мигуел Винас кој објаснува дека формата на градот е сосема нормална, со што паѓаат во вода претходните наводи за некаква „шокантност“ и постоење на „теории на заговор“.

„За време на бура градот добива специфичен облик и акумулира слоеви од лед на краевите. За време на силните бури кога градот станува поголем, голем дел од зрната се спојуваат и удираат едни во други , што влијае на создавањето на шилци под лед, истакнал метеорологот Винас,“ пренесе „Дејли мeјл“.

Истовремено, делува дури смешно тоа што наспроти научните факти дека формирањето на градот е поврзано исклучиво со процесите кои се случуваат во атмосферата, во овој текст „чудниот град“ се поврзува  со некаков  наводен „божји знак“ за луѓето да седат дома и да се заштитат од коронавирусот (!).

Очигледно дека овој текст нема идеја да пренесе коректна информација, туку има за цел да собере што поголем број кликови. Па, доколку бројката на читаност во текстот е точна (над 23.000 – 22.05.2020), насловот ја постигнал целта! Друга работа е тоа што ваквиот начин на обработка и пласирање на вестите се коси коси со професионалните принципи утврдени во Кодексот на новинарите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...