Училиштата во Њујорк ќе останат затворени до крајот на учебната година

Според првичникот план, училиштата во Њујорк требаше да бидат повторно отворени до 20 април, сепак тоа е нереална цел бидејќи Њујорк е жариште на епидемијата во САД, информираше градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.

„Тешко ми е што морам да ви кажам дека нема да бидеме во можност да ја организираме работата во училиштата до крајот на годината, но можам да ви кажам дека тоа е вистинската работа која треба да се направи во ваква ситуација“ – изјави де Бласио.

Според податоците од универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД има:

  • Заразени: 557.590 лица
  • Оздравени: 41.831 лица
  • Починати: 22.109 лица

Поради пандемијата со корона вирусот, прекин на образовниот процес има во скоро сите држави од целиот свет. Според статистиката од УНЕСКО, 91% од оние кои активно ја следат наставата не одат во училиште. Во Северна Македонија засегнати се над 350 илјади ученици.