fbpx

Бизнисот бара транспарентни, дневни информации од спроведувањето на економските мерки

-

Компаниите, членки на Стопанската комора на Македонија, бараат од Владата, на истиот начин како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирусот, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат. Од СКМ порачаа дека на тој начин со поголема транспарентност ќе се дојде до поточни заклучоци за економските мерки за надминување на кризата.

Комората предлага информациите поврзани со мерките да се систематизираат на истиот начин на кој се и информациите за здравствената состојба на граѓаните погодени од корона вирус, а примената на исто ниво на транспарентност би се покажала многу корисна во ситуацијата.

„На истиот начин како што секој ден се известува за бројот на новозаболени, починати или оздравени лица од корона вирус, да се известува и за тоа кои економски мерки се расположливи во моментот и како се користат. Би се известувало за бројот на поднесени и одобрени барања за користење на секоја поединечна економска мерка и збирниот ефект од тоа. Накусо, ваквата транспарентност ќе овозможи увид во тоа која мерка како се реализира“, наведува Стопанската комора.

Според Комората, со прецизниот мониторинг на дневна основа ќе биде многу полесно да се носат навремени и релевантни заклучоци за самите мерки и за евентуалната потреба од нивно дополнување, менување и слично.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...