fbpx

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

-

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“.

Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео – снимка објавена на социјалната мрежа Фејсбук.

– Клиничката болница во Тетово, според дадените информации, е комплетирана за сите потребни услуги и сите телефонски броеви поврзани со пријавувањето одделни случаи се активни;

– Здравствениот дом се подготвува да отвори над 10 точки во руралните општини околу Тетово, така што жителите на овие општини нема да мораат уште при прва прилика веднаш да дојдат во тетовската болница;

– Полицијата е подготвена, со сите предупредувања за сите оние кои не ги почитуваат одлуките донесени од централната власт за неработење на одредени локали, полициските мерки ќе бидат уште поинтензивни;

– Црвениот крст треба да биде главна точка во однос на помагање на изолираните граѓани, а народната кујна што е активна во градинката „Тетекс“ и понатаму ќе дистрибуира пакети со храна за семејствата кои имаат потреба;

– Бевме известени дека онлајн учењето продолжува во повеќето училишта во Општина Тетово и ги охрабруваме сите училишта да го завршат овој процес;

– Миењето и дезинфекцијата на сите улици, главни и споредни, ќе продолжи и наредните денови;

– Во четврток ќе бидат суспендирани сите отворени и затворени пазари, и ќе бидат под надзор на општинскиот инспекторат со помош на државниот;

– Во петок ќе продолжи дератизацијата на сите точки во градот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...