fbpx
Таг: пазари

таг: пазари

Полицијата, Царина и Пазарниот инспекторат во голема акција за заплена на режан тутун (галерија)

Во тек е голема акција за заплена на режан тутун по пазарите и други простори за складиран режан тутун, соопшти Царинската управа на Северна Македонија. Големата акција се спроведува во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарен инспекторат. Детали се најавуваат за наскоро.

За поголем извоз на глобалниот пазар, македонските компании ќе влезат во дата-базата на добавувачи од Западен Балкан

Околу 400 македонски компании од сите сектори треба да бидат вклучени во дата-базата на компании од Западен Балкан при процесот на мапирање на добавувачи за полесен пробив до глобалните парази, најави Татјана Штерјова Душковска од Стопанска комора, претставник на Коморскиот инвестициски форум. Ова мапирање на добавувачите од Македонија е во рамките на пoддршката на добавувачите од регионот на Западен Балкан...

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“. Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео -...

Мајлинда Брегу: Магичниот збор за Западен Балкан е – поврзување

Магичниот збор за регионот е - поврзување. Поврзување на пазарите на луѓето и интегрирање на шесте земји од Западен Балкан во единствениот европски пазар – тврди генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС) Мајлинда Брегу во колумна за Глобал Маркет, публикацијата на „Јуромани“. „Гледајќи низ објективни показатели во последните неколку години, регионот остварува непрекинат економски раст (со тренд од...

СДСМ: Законот за пазарџиите одложен, ќе се бара прифатливо решение

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ на вчерашната собраниска седница го одложи Законот за трговија на зелените пазари на една година, со цел да се најде соодветно и заемно прифатливо решение, порачуваат од партијата. „Со одлагањето, се отвора простор за консултација и дебата помеѓу сите засегнати страни и без кој било да биде оштетен. Неопходно е институциите, продавачите и организаторите на...

Индустрискиот промет на странските пазари во пораст, на домашниот со пад

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари во првите пет месеци е зголемен за 12,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во мај 2018 година, во однос на истиот месец лани бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 9,3 проценти, капитални производи...

ЛП: Дивите продавачи ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Либералната партија го поздрави барањето на Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија за решавање на проблемот со дивите пазарџии, кои на улица, од камиони, продаваат сезонско овошје и зеленчук. „Овие диви продавачи не само што нелегално тргуваат и создаваат нелојална конкуренција, туку и ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот и дополнително ја загадуваат околината, создавајќи отпад од кој се...

СДСМ: Ребалансот на буџетот ги пренасочува парите кај граѓаните

Не постои поголемо и поштетно задолжување од тоа што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11-годишното криминално владеење, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот. Од владејачката партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ се задолжувала расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошела непродуктивно, за луксузирање и за...

Се зголемуваат заштедите на населението и депозитите, оцени Народна банка

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народна банка, на која беа разгледани состојбите и показателите за домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари. Од Народна банка соопштуваат дека има сигнали за стабилизација во економијата и тоа го гледаат преку штедењето на населението и склоноста за располагање со девизи. Kаматната стапка на благајничките записи се намали...

Македонските компании ќе користат позитивни искуства од унгарските

Системот „Хунгарикум“ кој ги обединува и промовира националните автохтони унгарски производи и услуги, беше презентиран пред претставници на македонски компании во хотелот „Гранд плаза“. Целта на оваа конференција организарана од Сојуз на стопански комори на Македонија, во соработка со Амбасадата на Унгарија во Македонија и со Министерството за земјоделство на Унгарија, е да се презентираат позитивните примери, да се направи размена на искуства,...

Интернационални бизнис-средби за фирмите од ИТ-секторот во Скопје

Вториот интернационален настан за деловни средби помеѓу фирми од секторот на информациони технологии „Гоу интернешнал - опен иновејшн ин ИКТ“ (Go International – open innovation in ICT”) ќе се одржи денеска и утре во Скопје. На дводневниот настан ќе учествуваат повеќе од 50 фирми од ИКТ-секторот кои доаѓаат од 13 земји. Фирмите преку одржување деловни средби ќе се обидат да...

Иванов и Николиќ ги повикаа бизнисмените од двете држави да соработуваат повеќе

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги повикал српските бизнисмени да инвестираат во Македонија, а македонските бизнисмени да соработуваат со нивните колеги од Србија, бидејќи тоа придонесува за економско зајакнување на регионот, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. На отворањето на бизнис-форумот Србија – Македонија во Стопанската комора на Србија, на кој учествувале 200 бизнисмени од двете земји, Иванов истакнал дека трговската...

По самитот во Сочи компаниите ќе можат да ги пласираат производите на големи пазари

Mакедонските компании имаат шанса за пласман на производи на големи пазари, по најавената зона на слободна трговија меѓу Русија и Југоисточна Азија, смета Македонско-руската стопанска комора по одржувањето на Самитот Русија - АСЕАН (Сојуз на држави од Југоисточна Азија) во Сочи. - Ова за македонските компании треба да биде сигнал за значително поагресивно настапување на рускиот и пазарот на Евроазиската...

Потенцијалот на регионот и спојувањето пазари, теми на бизнис-форумот во Сараево

Стопанска комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ) учествува на седмата конференција на меѓународни инвестиции „Сараево бизнис-форум“, која се одржува под мотото „Еден регион, една економија“. На оваа конференција ќе се разговара за потенцијалот што го нуди овој регион, можноста за спојување пазари, како и за соработката со Кина. Утре, пак, експерти од различни земји ќе предложат идеи и платформи за создавање заедничка...

Активностите на градежните компании се зголемуваат дома, а се намалуваат надвор

Градежништвото останува најголем двигател на македонската економија и гранка која остварува најголем пораст. Градежните компании се ангажирани на изведба на патната инфраструктура и на објекти од висока градба. Има 4.349 фирми во градежништвото кои учествуваат со 6,2 процeнти од активните компании во земјава. - Во 2015 година има зголемување на договорените градежни работи за 65,8 проценти во однос на 2014 година, пред сè, поради...

Цените на индустриските производи на странските пазари пониски за 6,3 проценти на годишно ниво

Во ноември минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски за 0,3 отсто на месечно ниво, а за 6,3 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика. Во ноември 2015 година, во споредба со истиот месец претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот рударство и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...