Докторите од Кичево смируваат: Се шири непотребна паника, локалната болница е подготвена

-

Кичевската болница е подготвена да се справи со корона вирусот, велат локалните доктори. Издвоен е посебен објект со две соби каде што во период од 48 часа ќе се сместуваат оние пациенти за кои се прават анализи за Ковид-19. Докторот Илми Мехмеди од инфективното одделение на кичевската болница апелира до граѓаните да не паничат, известува „Порталб.мк“.

Докторот Мехмеди изрази оптимизам дека оваа ситуација ќе помине и го повикува народот да не шири паника бидејќи како што вели тој, единствената причина поради која ситуацијата е дојдена до тука е тоа што ова е нов вирус и е непознат за светот, а не затоа што е многу опасен.

– Јас сум во пензија, но одам на одделот за заразни болести за да им помогнам на колегите бидејќи гледам непотребна паника кај луѓето. Засега нема голем прилив на луѓе кои доаѓаат во нашиот оддел за контрола. Повторувам, нема простор за паника, но неопходно е луѓето да бидат свесни за симптомите, па доколку имаат температура над 38, анамнеза или пак имале контакт со луѓе кои доаѓаат од места кои се во црвената зона, тие дефинитивно треба да бидат контролирани и проверени – вели докторот Илми Мехмеди.

Џабир Бајрами, директор на кичевската болница, е оптимист дека тие се подготвени да се справат со корона вирусот.

– Ситуацијата на територијата на општина Кичево до овој момент е стабилна, ова го велам затоа што официјално немаме ниту едно лице заразено со корона вирус. Ние како болница постојано ја следиме ситуацијата и преземавме посебни мерки за борба против неа. Респираторни апарати немаме, но доколку на некој пациент му треба, истиот ќе биде пренесен во Скопје. Денес успеавме да добиеме двособен објект каде што пациентите ќе бидат задржани 48 часа додека не дојдат резултатите – истакна директорот на кичевската болница Џабир Бајрами за „Порталб.мк“.

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење на поддршката...

Маржата за трговија на мало и големо се ограничува на 10 проценти до крајот на април

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на ограничувањето на маржите и колкаво намалување на цените се очекува од таа мерка, изјави: „Па очекувам. Во текот на...

Интерпелацијата за членови на Судскиот совет наспроти Законот за СС

Краток преглед на Деловникот на Собранието и Законот за Судски совет покажува дека не постои поврзаност помеѓу интерпелацијата што ја поднесоа пратениците на владејачките партии во Собранието и законските можности, бидејќи...

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат кампањите за оцрнување на независните медиуми и закани кон новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудува тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми. Оваа кампања...

Оддржан онлајн состанок на пратеничките групи за соработка меѓу парламентите на РСМ и Украина

Членови на Пратеничката група на Собранието на РСМ за соработка со Врховната рада остварија онлајн состанок со своите колеги од Украина, при што беа повторени заложбите за понатамошно јакнење...