fbpx

МВР: Граѓаните во подрачните единици да си ги подигнат готовите лични карти

-

Министерството за внатрешни работи (МВР) денес ги повика граѓаните да дојдат во подрачните единици каде што аплицирале за нови лични карти и да си ги подигнат овие документи за лична идентификација. Станува збор за лични карти што се веќе испечатени, а кои чекаат на подигање од страна на граѓаните.

„Над 35.000 лични карти кои што во изминатиот период беа изработени чекаат на подигање од страна на граѓаните“, се вели во соопштението на МВР.

Покрај реакцијата од МВР, и Државната изборна комисија (ДИК) пред неколку дена упати апел до граѓаните да си ги подигнат новите лични карти, како би можеле да го остварат правото на гласање на претстојните парламентарни избори што ќе се одржат на 12 април. Од ДИК ги потсетија граѓаните дека правото да гласаат на изборите ќе може да го остварат единствено доколку поседуваат важечки документ за идентификација, бидејќи токму личните карти најчесто се користат при процесот на гласање.

И додека над 35.000 граѓани не си ги подигнале личните карти, неколку илјади граѓани во изминатиов период се наоѓаат во процедура на вадење на лични карти и чекаат на пристигнувањето на новите обрасци за да се изготват нивните документи за идентификација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја затвора канцеларијата на Ал Џезеира

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека канцелариите на Ал Џезеира во Израел ќе бидат затворени, пренесува CNN. „Владата на чело со мене едногласно одлучи: Провокативниот канал Ал Џезеира ќе биде...