fbpx

Лекарите се најбарани и најплатени на пазарот во Германија

-

Во напорите за привлекување на стручњаци од други земји, Германија донесе нов Закон за доселување на квалификувана работна сила, кој овозможи и низа нови начини и олеснувања при потрагата по работа. Се проценува дека до 2030 година на најголемата европска економија ќе ѝ недостигаат 6 милиони работници, а моментно посебно се бараат стручњаци од областа на медицината, машинството, автомобилската и електротехничката индустрија.

Неодамна со работа започна и сајтот „Успејте во Германија“ (Make it in Germany) , каде граѓаните можат да се информираат дали ги исполнуваат условите за работа во најголемата европска економија, да побараат огласи, да дознаат каква работна сила се бара во моментот и како изгледа животот во оваа земја. На порталот се посебно истакнати професиите за кои има најголема побарувачка. Тоа се доктори, иновативни инженери, научници, ИТ стручњаци како и професионални негователи.

Медицинската професија е константно една од најценетите во Германија. Локалните болници се борат со недостиг на лекари затоа што подолго време ширум земјата има потреба од неколку илјади дополнителни лекари. Таа бројка, според сајтот, ќе продолжи да расте и во наредните години, затоа што многу сегашни лекари ќе заминат во пензија.

Лекарите работат во болниците и во приватна лекарска пракса. Просечната почетна плата за дипломираните лекари е поголема од било која друга професија и моментно изнасува околу 52.000 евра годишно. Во просек, лекарите се платени повеќе од дипломираните лица од разни други категории на професии. Во приватната пракса, пред сѐ, постои потреба за лекари од општа пракса, посебно во источиот дел од Германија и во руралните области каде често има тешкотии при регрутирањето за пополнување на слободни работни места. Овие недостатоци, како што се додава во порталот, наскоро ќе се прошират и во другите региони и подрачја за специјализација, бидејќи и таму многу лекари ќе мора да се повлечат поради пензионирање.

Покрај инженери, постои и голема побарувачка за научници, математичари и ИТ стручњаци. Не се само германските производители на автомобили и инженерските компании меѓу најдобрите во светот, некои од глобалните играчи во хемиската и во фармацевтската индустрија се, исто така, од Германија. Истото е случај и со германските биотехнички и нанотехнички сектори. Во сите нив побарувачката за првокласни научници е константно голема.

Слично на тоа, на многу големи компании од целата земја им се потребни ИТ стручњаци за извршување на различни работи, а голема е побарувачката и за математичари, посебно во банките и во осигурителните друштва…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...