fbpx

Рускоска: Камчев во исказот за споменува дека само го пријавил „Рекет“ кај Заев

-

Обвинителката Вилма Рускоска денеска информираше дека премиерот Зоран Заев бил споменат во исказот на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Рекет“, но само еднаш и во поинаква конотација од она што беше објавено во дел од медиумите деновиве.

– Заев не е споменат во исказот на Камчев, освен во делот дека кај него прво го пријавил рекетот – изјави обвинителката Вилма Рускоска.

По денешната седница на Советот за јавни обвинители, обвителката Рускоска во изјава за медиумите ги отфрли тврдењата на некои портали дека во записникот од исказот на Орце Камчев стоело оти премиерот Заев ги предупредил Бојан Јовановски и Зоран Милески дека Камчев го пријавил „Рекет“.

Обвинителката Рускоска ја потврди единствено автентичноста на првата страница од записникот на исказот на Камчев даден во обвинителството, нагласувајќи дека прераскажаните делови се невистина. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција засега немаат информации за тоа како дел од исказот на Камчев стигнал до рацете на порталот „Инфомакс“.

На денешната седница на Советот за јавни обвинители се расправа за разрешување на Катица Јанева од функцијата шеф на СЈО, откако и таа минатата недела доби притвор со обвинение дека е вмешана во предметот „Рекет“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...