fbpx

Браната Отиња во Штип ќе почне да се гради во февруари идната година

-

Со денешната јавна расправа по Студијата за оценка на влијанието врз животната средина, во финиш влегува техничкиот дел од проектот за изградба на насипна брана со придружни објекти „Отиња” во Штип.

Проектот, пред сè, се гради за рекреативни цели, потоа со цел обезбедување на биолошки минимум на реката Отиња, која сега е сува река, за заштита од поплави, но и за обезбедување на доволно вода за наводнување на зелените површини. Еден од поважните ефекти од изградбата на браната е влијанието врз микро климата и придонесот врз сушните штипски лета. Ова се главните оценки што на јавната расправа ги изнесе авторот на студијата, Менка Спировска, која одговори и на главното прашање што се провлекува со години – ќе има ли доволно вода да се собере во браната.

– Проектантите велат да, а тие своите информации ги базираат на пресметките на стогодишни и илјадагодишни води. Сите сме сведоци на климатските промени, кои навестуваат сушни периоди и сушни лета, но навестуваат и поројни дождови. Се надеваме дека влијанието на климатските промени ќе бидат остварени преку мерките што се пресметани во самиот проект – изјави Спировска.

Браната на реката Отиња е повеќедецениски најавуван проект, но до сега го има само во вид на идејно решение, кое е изработено во 2003 година од страна на штипски „Мегапроект“ и тука е застанато. Актуелната локална власт ги придвижи активностите, а покрај оваа Студија, финансирана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Општина Штип ја работи и ревизијата на Деталниот урбанистички план (ДУП), што е основа за одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски.  

Општината очекува парите за изградба на браната Отиња да ги добие од Владата, преку најавениот ребаланс на буџетот наесен.

– Ние веќе испративме допис до Владата, со кој побаравме овој проект за изградба на брана на реката Отиња да влезе во ребалансот на Буџетот, што очекувам да се случи во септември или октомври. Ние ги спазуваме сите норми и прописи, коишто веќе ги договориме со премиерот Заев за да влеземе што е можно поскоро во реализација на овој објект – изјави Благој  Бочварски, градоначалник на Штип.

Февруари 2020 година е рокот кога Општината очекува почеток на градежните работи, кои ќе се одвиваат во три фази. Очекувањата се за две до три години Штип да добие насипна брана од три милиони кубни метра и езеро со длабочина од пет метри. Браната, според првичните проценки, ќе чини 7,5 милиони евра.

Во втората фаза, во некоја идна перспектива, би можело да се очекува изградба на објекти за производство на електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...