fbpx

МОСТ: Првиот круг во фер и демократска атмосфера

-

Првиот круг од изборите помина во фер и демократска атмосфера. Граѓаните повторно учествуваа во изборен процес во кој слободно можеа да ја изразат својата волја. Во текот на изборниот ден беа забележани само неколку изолирани случаи на неправилности кои не влијаеја на квалитетот на изборниот процес и на кои имаше соодветна реакција од надлежните органи, соопшти Граѓанската асоцијација МОСТ.

Изборната кампања поминала во генерално релаксирана атмосфера и за првпат не биле регистрирани инциденти што посериозно би влијаеле на атмосферата, при што биле забележани само неколку случаи на негативна кампања и на присуство на малолетници на митинзите.

„За првпат по подолго време бевме сведоци на поголем број дебати помеѓу кандидатите преку кои на гласачите им беше овозможено да направат информиран избор“, се вели во прелиминарната оценка од граѓанската асоцијација.

Се поздравува објавувањето на регистарот на службени возила, за да може да се идентификува нивна злоупотреба, а во однос на Избирачкиот список, повторно се препорачува тој да се ажурира.

Во однос на самото набљудување на изборите од нивни претставници, МОСТ вели дека иако ДИК ги дефинирала рамките, Општински изборни комисии не секогаш биле отворени за соработка со набљудувачите од МОСТ.

Асоцијацијата го набљудувала гласањето и во затворите, за кое вели дека минало во најдобар ред.

Според ПВТ програмата за паралелно сумирање на гласовите што ја користел МОСТ, одѕивот на гласачките места бил 41,67 отсто со маргина на грешка од +/- 0,5 отсто. Процентот на неважечки ливчиња е 4,33 отсто.

Според МОСТ, вака изгледаат резултатите, со максимална маргина на грешка од +/- 0,5 отсто:

Блерим Река – 10,98 отсто од гласовите
Гордана Сиљановска – Давкова – 44,32 отсто
Стево Пендаровски – 44,7 отсто

МОСТ имал 80 долгорочни набљудувачи во сите општини низ државата, кои ги следеле сите аспекти од процесот. Денот на изборите МОСТ го следел со 1.160 набљудувачи, распоредени на околу 33 отсто од вкупниот број избирачки места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Куршумлија: Се урна вртелешка, повредени се 13 деца, од кои едно потешко

На саем во Куршумлија, Србија, се откорна дел од конструкцијата на вртелешка, при што се повредени тринаесет деца од кое едно потешко, пренесува српската РТС. Тринаесетгодишна девојка се здобила со...