fbpx

Забрана за камиони кај Маврово и Стража, остатоци од снег на коловозите

-

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар.

АМСМ информира дека на регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен ветер наместа има намети од снег.

Се уште се во сила забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци крак Маврово – Дебар и Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...