fbpx

Студено време со минусни температури и северен ветер

-

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до  умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од минус шест до еден Целзиусов степен.

Во Скопје, претежно облачно со услови за провејување на снег. Ќе дува умерен, околу пладне засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до минус еден Целзиусов степен.

Под влијание на многу студена воздушна маса, следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места преку целиот ден ќе се задржат под нула. Повремен слаб снег ќе има и во недела, а во првите два дена од следната недела ќе биде сончево со умерена облачност, но и натаму ќе биде студено.

Снежната покривка во Маврови Анови изнесува 56 сантиметри, 26 во Крушево, 24 во Битола, 17 во Тополчани, 11 во Пожаране, 10 во Берово, осум во Лазарополе.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...