Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура се движи од минус осум до два Целзиусови степени, а дневната ќе достигне до 12 степени.
Во Скопје се очекува слично време, претежно сончево со мала до умерена облачност и дневна температура до осум Целзиусови степени.
За Новогодишната ноќ времето ќе биде стабилно и суво.
За утре синоптичарите најавуваат благ пораст на дневните температури, а во одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од утре попладне облачноста ќе се зголемува, а во вторник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.