сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: облачност | 201 резултати

Сончево со мала облачност и температура до 24 степени

октомври 30, 2019

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне облачноста ќе се зголеми. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Утринската температура се движеше од 0 до 7 Целзиусови степени, а дневната […]

Продолжува топлото време, со температури над просекот за овој период од годината

октомври 16, 2019

Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од јужен правец.Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а  дневната од 24 до 31 Целзиусови степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 30 Целзиусови степени. Продолжува […]

Сончево со мала облачност, за продолжениот викенд топло време

октомври 10, 2019

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а дневната од 21 до 27 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен ветер од југоисточен правец. […]

Претежно облачно време денеска

октомври 7, 2019

Времето денеска ќе биде претежно облачно и свежо со врнежи од дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура се движи од 3 до 11 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 10 до 15 степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура се спушти до […]

Времето претежно облачно со дожд

октомври 4, 2019

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат поинтензивни претпладнево во јужните и источните делови. Врнежите кон крајот на денот ќе престануваат на истокот. Ќе дува засилен северен ветер особено долж Повардарието, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Температурата, според УХМР, денеска ќе достигне до 19 Целзиусови степени. […]

Сончево со локална облачност и слаб ветер

септември 27, 2019

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе се движи од девет до 16, а максималната од 21 до 28 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 24 Целзиусови степени. Во наредните денови следува период на стабилно […]

Времето ќе биде променливо облачно

септември 25, 2019

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно, со услови за краткотраен дожд на крајниот исток. Минималната температура се движи во интервал од 10 до 17 Целзиусови степени, а максималната ќе изнесува од 20 до 27 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Температурата ќе се искачи до 24 Целзиусови степени.

Денеска почнува есента, времето променливо облачно, попладне со дожд

септември 23, 2019

Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта. Есента ќе трае до 21 декември, кога настапува зимата. На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје изгреа во 6:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Времето денеска ќе биде променливо облачно, […]

Денеска свежо време со умерен ветер, за викендот утрински температури околу нулата

септември 20, 2019

Посвежо време со умерен до засилен северен ветер се очекува денеска во земјава. Претпладнево ќе биде умерено облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Минималната температура се спушти меѓу 8 и 16 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне до 25 степени. Во Скопје слично време со утринска температура до 11 степени и дневна до 21 […]

Времето сончево со облачност, попладне можен пороен дожд и грмежи

септември 11, 2019

Времето во земјава денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните делови. Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево, […]

Сончево време со мала облачност, попладне дожд и грмежи

септември 6, 2019

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се движи меѓу 8 и 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 30 Целзиусови степени. Од Управата за хидрометеоролошки […]

Сончево и топло, со температура до 37 степени

септември 2, 2019

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде помеѓу 9 и 17, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје слично време со температура до 35 Целзиусови степени. Дневните температури ќе бележат постепено […]

Променливо облачно време со многу пониски температури од вчерашните

август 15, 2019

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови. Ќе биде значително посвежо од вчера, како и ветровито со умерен, а долж Повардарието со засилен северен ветер. Максималната температура ќе се движи од 26 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје променливо облачно и ветровито, со засилен северен […]

Променливо облачно со локален дожд

јули 30, 2019

Времето во земјава претпладнево ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура се движеше од 13 до 19 Целзиусови степени, а дневната температура ќе […]

Сончево и топло време со мала до умерена облачност

јули 25, 2019

Според УХМР времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб ветер од променлив правец.  Дневните температури на воздухот ќе се движат од 25 до 35 Целзиусови степени.УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 8. До сабота претпладне времето ќе биде претежно сончево и топло. Во сабота кон крајот […]

Сончево и многу топло со температура до 38 степени

јули 22, 2019

Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Минималната температура ќе изнесува 12, а дневната максимална ќе достигне 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 17, а дневната ќе достигне до 36 Целзиусови степени. Во вторник и среда ќе дува […]

Сончево време со мала до умерена облачност

јули 19, 2019

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8. Утринската температура ќе се движи од девет до 18 степени, а дневната температура ќе се движи од 23 до 33 Целзиусови степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до […]

Преку ден сончево со облачност, попладне пороен дожд и грмежи

јули 9, 2019

Времето во Македонија ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за изолирана појава на град и засилен ветер. Утринската температура се движеше од 12 до 19 Целзиусови степен, […]

Времето денеска променливо облачно, викендов благ пад на температурите

јуни 28, 2019

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен долж Повардарието. Попладне облачноста ќе се намалува. Дневната температура ќе се движи меѓу 26 и 35 Целзиусови степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претпладне променливо облачно, со услови […]

Попладнево сончево со мала облачност, попладне пороен дожд

јуни 19, 2019

Времето претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладн часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Температурата во текто на денот ќе изнесува меѓу 25 и 33 степени. […]

Страна 1 од 10