Променливо облачно време со многу пониски температури од вчерашните

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи, претежно во јужните делови.

Ќе биде значително посвежо од вчера, како и ветровито со умерен, а долж Повардарието со засилен северен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 26 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно и ветровито, со засилен северен ветер и температура до 28 степени.

Утрек се уште ќе има услови за локален дожд. Од сабота следува период на стабилно време, со постепен пораст на температурата.