fbpx

Скандалозна, недолична и хомофобна е изјавата на Заев, предупредија 27 граѓански организации

-

Дури 27 граѓански организаци, меѓу кои и Фондацијата „Метаморфозис“, Фондацијата Отворено општество – Македонија, Хелсиншкиот комитет, Институтот за човекови права, Македонското здружение на млади правници, „Реактор“, преку заедничко соопштение ја осудија вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев.

Организациите предупредија дека истапот на Заев, кој рече дека „нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт“ го охрабрува говорот на омраза.

„Остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на премиерот Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување. Изјавата на премиерот, вклучително и неумесното „извинување“, освен што се навредливи и дискриминирачки, поттикнуваат хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата. Се доведува во прашање доследното спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, и се поставува прашањето дали досегашните заложби за унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални“, се вели во реакцијата од 27 граѓански организации.

Истовремено, тие предупредуваат и дека е неприфатливо „со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување“.

„Инсистираме владата и премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење“, се вели во реакцијта на граѓанскиот сектор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...