fbpx

Заев: Како православен верник, радосен сум за одлуката на БПЦ

-

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го прифати барањето на Македоднската православна црква – Охрдиска архиепископија да ѝ биде мајка црква и додаде оти е среќен што градењето пријателства дава резултати.

Тој истакна дека со ова се прави напредок во процесот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

– Како православен верник, радосен сум за оваа работа. Уште еднаш само ќе повторам дека Македонија е секуларна држава. Ние не сакаме да се мешаме во односи меѓу црквите, но оваа порака е исклучително позитивна и можам само да ја поздравам. Дефинитивно правиме напредок и во делот признавањето на нашата Македонска православна црква. Прифаќањето од бугарска страна да биде мајка црква значи дека ќе го води целиот процес за помагање на признавањето на афтокефалноста на нашата МПЦ. Се надевам сите други православни цркви ќе го следат примерот, затоа што да се биде мајка црква завршува со признавање на МПЦ. Среќен сум што градењето пријателства дава резултати, ние сме мала земја и само со пријатели ќе можеме да одиме напред, а со тоа и ќе можеме да отвараме нови преспективи – изјави Заев од Будимпешта, каде со владина делегација учествува на Самитот 16+1.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...