fbpx
Таг: пријателство

таг: пријателство

Британска амбасада Скопје прославува 27 години пријателство и билатерални релации помеѓу Британија и Северна Македонија

Оваа година поради корона вирус кризата, наместо традиционалниот прием за роденденот на Кралицата го одбележавме цврстото пријателство помеѓу двете земји со онлајн активности кои се случуваа во Британија како балетски и театарски изведби, британска музика, опера и друго, информираат од Британска амбасада. „Во партнерство со Британскиот совет и МРТ1 споделивме едукативни документарни емисии како и емисии за учење на англискиот...

Заев: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања

Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и соработка, а не за проблеми и јавни препукувања, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил по повод изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов дека „Македонците треба уште да созреат за датум за преговори со ЕУ.“ „Се договоривме дека заедничките моменти од минатото треба да нѐ спојуваат, а не да нѐ раздвојуваат. Искуствата од...

Имате поддршка и пријателство од Велика Британија, му пиша Џонсон на Димитров

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Борис Џонсон, со писмо му ја честиташе на својот македонски колега Никола Димитров 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу двете земји. Тој ја потврди поддршката и пријателството од Велика Британија и изрази надеж дека партнерството на двете држави ќе биде уште посилно во наредните години. „Среќен сум што имам можност да одбележам...

Заев: Како православен верник, радосен сум за одлуката на БПЦ

Премиерот Зоран Заев денеска ја поздрави одлуката на Бугарската православна црква да го прифати барањето на Македоднската православна црква - Охрдиска архиепископија да ѝ биде мајка црква и додаде оти е среќен што градењето пријателства дава резултати. Тој истакна дека со ова се прави напредок во процесот на признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. - Како православен верник, радосен сум за оваа...

Заев: Предлози за името очекувам догодина, сега не разговараме за суштински прашања

Во моментов градиме пријателски односи со Грција и ја зајакнуваме довербата помеѓу двете страни за да бидеме пријателски настроени за моментот кога ќе треба да се решава сериозниот проблем за името, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, на која ги сподели впечатоците од учеството на 72. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк. За спорот во врска...

Заев – Радев: Македонија и Бугарија делат иста визија за регионот

„Република Македонија и Република Бугарија делат иста визија за регионот, интеграција во европските и во евроатлантските структури и среќен сум што постои свесност и одговорност од двете страни за постигнување напредок“, истакнал премиерот на Македонија, Зоран Заев, на средбата со бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија. Заев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата ја нагласил цврстата определба на Македонија, низ...

Груевски – Иваниќ: Односите помеѓу двете земји се пријателски и со заемно разбирање

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска придружуван од партиските соработници Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, се сретнал со претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ. Двајцата соговорници позитивно ги оцениле односите помеѓу двете, земји кои се карактеризираат со заемно пријателство и со разбирање. Груевски, како што се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, го запознал својот соговорник со аспектите на политичката...

Иванов до Трамп: Високо ги почитуваме Вашите ставови и надворешно-политички цели

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска упати честитка до Доналд Трамп по повод стапувањето на должност претседател на Соединетите Американски Држави. Иванов во честитката изразува уверување дека лидерството на Трамп, освен за САД, е значајно и на глобален план, како и дека претставува надеж за интензивирање, продлабочување и за зацврстување на статешкото партнерство и пријателство меѓу Македонија и САД. „Дозволете...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...