fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Со одложувањето на рочиштето за „Поткуп“, судството го допре дното

-

Одложувањето на рочиштето за предметот „Поткуп“ на неопределено време е уште еден доказ дека судството под притисок на СДС го допре дното, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Правдата и законите во оваа држава важат за сите освен за Зоран Заев и за криминалното партиско раководство околу него, велат од партијата.

– Нема кривично дело за кое судењето не можело да почне повеќе од две години. Нема обвинет кој бил соочен со докази за кривичното дело и успеал повеќе од две години да го одложува почнувањето на предметот. Целата јавност виде како во функција на градоначалник на Струмица, Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра по принцип „едно евро за Вицето, едно за црквата“, а судот трета година не може да створи услови за да почне да му се суди – изјави на прес-конференција Невенка Стаменковска, пратеничка во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа додаде дека досега беа измислувани десетици апсурдни причини за да се одолговлекува правдата.

– Судот му прогледуваше низ прсти и кога велеше дека не го признава и нема да ги почитува неговите одлуки, а го толерираше и кога одложуваше рочишта заради наводни средби со портири или други вработени по амбасади. Судиите не реагираа ниту кога им се закануваше со реизбор, а премолчуваа и кога во нивно име најавуваше процеси и притвори – рече Стаменковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...