fbpx

Јанева: Со Хан разговаравме за работата на СЈО, но не и за специјално судско одделение

-

Разговаравме за проблемите со кои се соочувавме во минатото, изјави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје.

Јанева рече дека е задоволна од разговорот.

– Зборувавме и за тоа како ќе функционираме во иднина и на кој начин ќе го продолжиме нашето дејствување – изјави специјалната обвинителка.

Таа рече оти се надева дека Собранието, пред да се распушти, ќе ги донесе законите за олеснување на работата на СЈО.

На новинарско прашање дали со еврокомесарот Хан разговарале за формирање на специјално судско одделение во рамките на Основниот суд Скопје 1, Јанева одговори дека за тоа не станало збор за време на нивната 45-минутна средба.

Во моментов на разговор со Хан е лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Претходно еврокомесарот разговараше со претставници на невладините организации и со премиерот Емил Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...