Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска потпиша закон за ратификација на спогодбата на Москва и на Дамаск за ангажирање на руските воздухопловни сили во Сирија, соопшти Кремљ.
Законот е усвоен во Државната дума на 7 октомври, а завчера го потврди и Федералниот совет.
Спогодбата е потпишана во Дамаск, на 26 август минатата година, а една година подоцна Путин ја достави до парламентот на ратификација.
Со спогодбата се предвидува руски воздухопловни сили да бидат разместени на барање на сириската страна во базата Хмеимин, во провинцијата Латакија, на неопределено време и без никаков надомест.