fbpx

Москва: Спречена офанзива на Алепо, убиени 800 екстремисти

-

Руските воени сили во Сирија спречиле обид на околу 5.000 екстремисти да поведат офанзива југозападно од Алепо, при што се убиени повеќе од 800 екстремисти, соопшти началникот на главниот операциски оддел на Генералштабот на руската војска, Сергеј Рудској.
При борбите, руските сили на бунтовниците им уништиле 14 тенкови, десет други оклопни возила и 60 возила опремени со оружје.
Рудској рече дека офанзивата ја повела екстремистичката група Џабат ал нусра.
Во меѓувреме, Сириската опсерваторија за човековите права соопшти дека 12 лица се убиени во руски воздушен напад во Северна Сирија, неколку часа откако Москва објави дека еден од нејзините хеликоптери бил соборен во регионот и оти сите пет лица во него загинале.
Меѓу дванаесетте убиени лица, според организацијата, имало и две деца.
Извори на локалните бунтовници изјавија дека руски авиони извршиле 33 напади во регионот по соборувањето на хеликоптерот со петте членови на екипаж, кои загинаа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...