fbpx

Природните катастрофи однесоа 70 милијарди долари

-

Финансиските загуби предизвикани од санирање на последиците од природните катастрофи значително се зголемиле во првата половина од годинава поради силните земјотреси во Јапонија и во Еквадор, невремето во Европа и во САД, но и шумските пожари во Канада, соопшти германската реосигурителна куќа „Минхен–ре“.

До крајот на јуни, вкупните загуби се зголемија на 70 милијарди долари во споредба со 59 милијарди долари истиот период лани.

Осигурените загуби изнесувале 27 милијарди долари во однос на 19 милијарди долари лани.

Во природните катастрофи во првите шест месеци загинаа 3.800 лица.

Најголема загуба од 25 милијарди долари причиниле двата земјотреси на јапонскиот остров Кјушу, изјавиле од „Минхен-ре“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Постигнат цензусот за претседателските избори

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што...