fbpx

Шкотска подготвува закон за нов референдум за независност

-

Шкотската влада почнала да подготвува закон кој треба да овозможи нов референдум за независност на земјата, додека траат преговорите за нејзината позиција во Европската Унија, изјави денеска првата министерка, Никола Стурџен.

„Новиот референдум за незавиност на Шкотска е сигурнa опција која треба да биде на маса и, еве, тоа се случува сега“, изјавила Стурџен, пренесуваат медиумите.

Според неа, за да се осигури спроведувањето на референдумот, првин мора да се усвои потребната легислатива.

Барањето за нов референдум за независност на Шкотска следува по гласањето во четвртокот, на кое граѓаните на Велика Британија со тесно мнозинство одлучија земјата да ја напушти ЕУ. Со 62 отсто наспроти 38 отсто гласови, граѓаните на Шкотска, пак, се изјаснија дека сакаат земјата да остане во Унијата.

На референдумот во 2014 година Шкотите гласаа за останување во рамките на Велика Британија со 55 отсто наспроти 45 отсто гласови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Честитки за големиот празник Воскресение Христово – Велигден од Пендаровски и Џафери

Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата, напиша претседателот Стево Пендаровски, во својата честитка по...