понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: независност | 75 резултати

Ковачевски: Инвестициите во зелената транзиција се клучни за енергетска стабилност и независност

ноември 17, 2022

Република Северна Македонија како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работи на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што има донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска во […]

Српскиот патријарх Порфириј го додели томосот за автокефалност на МПЦ-ОА

јуни 5, 2022

По отслужувањето на заедничката литургија во Соборната црква „Свети Архангел Михаил“ во Белград со македонскиот архиепископ Г.г. Стефан, српскиот патријарх Порфириј денеска го врачи томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, јави српската новинска агенција „Бета“. Томосот, кој беше прочитан во црквата, овозможува целосна автокефалност на македонската црква на територијата на земјава, […]

Барбадос стана најмладата самостојна држава, британската кралица повеќе не е врховна власт

ноември 30, 2021

Барбадос ја отфрли британската кралица Елизабета како шеф на државата и на 30 ноември формираше нова република раскинувајќи ги последните преостанати колонијални врски, објави Ројтерс. На церемонијата на која присуствуваше и принцот Чарлс, беше симнато знамето на британската монархија, додека генералната гувернерка Сандра Мејсон положи заклетва како прва претседателка на Барбадос. Раѓањето на новата република, […]

Претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

август 24, 2021

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска на Плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина. На настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на […]

Се залагаме за унапредување на статусот на Уставниот суд, вели Маричиќ

мај 21, 2021

Министерот за правда Бојан Маричиќ на стручната дискусија „Уставното судство во Република Северна Македонија“ порача дека имајќи го предвид фактот на високиот степен на одговорност, неспорно е дека материјалните права на уставните судии треба да се доуредат со законски норми. „За да може да се постигне повисок степен на ефикасност при работењето, потребно е да […]

Балканските патишта кон ЕУ: Косово од независност кон нормализација

април 17, 2021

Најмладата држава во регионот – Косово ја прогласи независноста во 2008 година, но сѐ уште се бори за место во меѓународниот поредок. Нешто над половината членки на ООН ја признаа државата како независна, повеќето од нив дури и пред Меѓународниот суд за правдата да каже дека прогласувањето независност не било спротивно на меѓународните норми (во […]

Дачиќ: Србија нема да го признае Косово поради „европскиот морков“

октомври 26, 2018

Реагирајќи на изјавата на германскиот пратеник Петер Бајер дека „Србија не може да биде дел од ЕУ додека не ја признае ,де јуре‘ независноста на Косово“, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска порача дека „Србија нема да ги згази својот Устав и образ признавајќи ја лажната држава Косово поради некаков европски морков“. – […]

Пендаровски: Референдумот е со иста историска тежина со оној за независноста

септември 3, 2018

Референдумот на 30 септември е со идентична важност и еднаква историска тежина како референдумот за независност од 8 септември 1991 година, рече националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски на граѓанската трибина во Битола, која е дел од караванот на коалицијата „Заедно за европска Македонија“. На средбите со граѓаните беа претставени придобивките од членството во НАТО и […]

Отфрлена кривичната пријава против Заев и Димитров за загрозување на независноста

јули 27, 2018

Основното јавно обвинителство ја отфрли кривичната пријава која ја поднесе Граѓанската иницијатива за здраво, достоинствено и возвишено живеење „Преродба“ – Движење на носителите и бранителите на државниот суверенитет „Македонска преродба“ против премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров за загрозување на независноста бидејќи пријавеното дело не било кривично дело за кое се […]

Мадагаскар ја призна независноста на Косово, соопшти Пацоли на „Твитер“

ноември 26, 2017

Министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, изјави дека Мадагаскар ја признал независноста на Косово, на маргините на министерската конференција на Меѓународната организација на франкофонијата во Париз. Пацоли информацијата ја објави на својот твитер-профил. „Задоволство ми е да објавам дека Мадагаскар го призна Косово како независна и суверена држава“, напиша шефот на косовската дипломатија […]

Шпанското обвинителство бара притвор за претседателката на каталонскиот парламент

ноември 9, 2017

Шпанскиот државен обвинител побара од Врховниот суд на земјата да им одреди притвор на претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадељ и на тројца пратеници поради нивната улога во прогласувањето на независност на Каталонија, јавуваат шпанските медиуми. Претседателката на каталонскиот парламент и петмина пратеници денеска дадоа исказ во судот во Мадрид. Тие се обвинети за бунт, […]

Шпанското обвинителство бара од судот да издаде европски налог за апсење на Пучдемон

ноември 2, 2017

Шпанското обвинителство денеска побарало од судот да издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и на уште четворица членови на неговата влада, откако не се појавија на сослушувањето во Мадрид, јавуваат светските медиуми. Судот сè уште не донел одлука по барањето на обвинителството. Пучдемон и 14 членови на каталонската влада беа […]

Мадрид го блокираше прогласувањето независност на Каталонија

октомври 31, 2017

Уставниот суд на Шпанија на пленарна седница го блокираше прогласувањето на декларацијата за независност на Каталонија, јавува шпанскиот весник „Ел Мундо“. Уставниот суд ги предупреди членовите на канцеларијата на постојаниот претставник на парламентот во Каталонија, меѓу кои и претседателката на парламентот на Каталонија, Кармен Форкадељ, да прекинат со иницијативи што вклучуваат спроведување на декларацијата, наведува весникот. […]

Нов ден неизвесност во Каталонија откако Мадрид ја презеде власта

октомври 30, 2017

Шпанскиот регион Каталонија, кој во петокот еднострано прогласи независност, по што шпанската влада ги суспендираше сите регионални водачи, од кои прв е лидерот Карлес Пучдемон, денеска влегува во првиот работен ден по прогласувањето независност, кога се очекува мерките што Шпанија ги донесе во петокот да стапат на сила. Судот во Мадрид денеска ќе ја добие […]

Протести во Барселона против независноста на Каталонија

октомври 29, 2017

Во Барселона ќе има нови протести кои ќе бидат против прогласувањето независност на Каталонија од Шпанија. Каталонската цивилна асоцијација ги повика противниците за независностa да излезат попладне на улиците. Нивниот слоган е „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“. Според организаторите, целта на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се […]

Хрватска: Шпанија треба да го реши проблемот со Каталонија во рамките на Уставот

октомври 28, 2017

Хрватското министерство за надворешни и европски работи смета дека случувањата во Каталонија се внатрешно прашање на Шпанија. Оттука, Хрватска се залага за демократско и мирно решавање на проблемот, во согласност со европските вредности. Во соопштението на министерството, исто така, се наведува дека Хрватска не смета дека прогласувањето независност на Каталонија е во согласност со шпанскиот […]

Шпанските власти од денеска ја преземаат контролата над Каталонија

октомври 28, 2017

Преземањето на контролата на шпанските власти над Каталонија денеска стапи на сила. „Претседателот на шпанската Влада ја презеде улогата и овластувањата од претседателот на Каталонија“, се наведува во официјалното соопштение на шпанските власти. Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Зојдо, наведува дека денеска е отпуштен и шефот на регионалната полиција, Хозе Лјиуд Траперо, против […]

Светот глув на прогласувањето независност на Каталонија

октомври 27, 2017

Србија, САД, Германија и Франција денеска соопштија дека ја поддржуваат владата на Шпанија и не го поддржуваат прогласувањето независност на Каталонија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека за Србија објавувањето на независноста на Каталонија нема правен легитимитет. – Србија го поддржува шпанскиот територијален интегритет и оваа акција не е во согласност со […]

Водачите на Каталонија ќе бидат обвинети за бунт

октомври 27, 2017

Врховниот јавен обвинител на Шпанија ќе поднесе обвинение за бунт против сите одговорни за гласањето во каталонскиот парламент за независност на Каталонија, јави „Индипендент“. Според портпаролот на обвинителството, обвинителот разгледува дали обвинението треба да се однесува само на владата на регионот Каталонија, вклучувајќи го и претседателот Карлес Пучдемон, или и на пратениците во регионалниот парламент. Според […]

Сенатот на Шпанија ја укина автономијата на Каталонија

октомври 27, 2017

Кратко откако попладнево парламентот на Каталонија прогласи независност, Сенатот на Шпанија изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија. С0 214 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на […]

Страна 1 од 4