недела, 14 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Шкотска | 20 резултати

Не е точно дека во Шкотска на секои три месеци може да се менува полот

ноември 7, 2022

Во постот што го рецензираме, невистинито се тврди дека лицата може да го менуваат полот во Шкотска, ако сакаат, на секои три месеци. Ова не е точно, при аплицирањето за промена на полот се дава и заклетва дека лицето има намера да остане во стекнатиот пол до крајот на својот живот. Дополнително, после самата апликација, […]

Шкотска е првата земја каде жените имаат законско право на бесплатни менструални производи

август 16, 2022

Менструалните производи, вклучувајќи тампони и влошки, од вчера станаа достапни бесплатно во јавните установи во Шкотска, откако стапи на сила првиот закон од ваков вид во светот, јавува „Си-ен-ен“. Предлог-законот за менструални производи беше усвоен едногласно од шкотските пратеници во ноември 2020 година, што претставува значајна победа за глобалното движење против менструална сиромаштија. Новиот закон […]

Хигиенските влошки и тампони станаа бесплатни за сите жени во Шкотска

февруари 26, 2020

Хигиенските производи се бесплатни за сите жени, одлучи шкотскиот Парламент доцна синоќа, со што Шкотска станува првата земја во светот со ваква законска одлука. Според новиот закон, влошките и тампоните ќе бидат бесплатни и достапни во сите трговски центри, клубови за млади и апотеки, при што проценетите годишни трошоци за спроведување на Законот се пресметани […]

Хигиенските производи за жени во Шкотска ќе станат бесплатни, кај нас и натаму се луксуз

февруари 25, 2020

Револуционерна одлука на шкотските власти: хигиенските производи за сите жени наскоро ќе се делат бесплатно. Шкотскиот парламент се очекува денеска да ја донесе оваа  одлука, со што Шкотска ќе стане првата земја во светот која се одлучи на ваков потег. Според одлуката, производите, како што се тампони и влошки, ќе бидат бесплатни за сите жени […]

Борис Џонсон победи со огромно мнозинство и вети конечен излез од ЕУ на 31 јануари

декември 13, 2019

Со 364 освоени места во парламент, Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освои огромно мнозинство на вчерашните избори, предизвикувајќи изненадување со 47 места повеќе отколку на претходните избори. Лабуристите освоија 203 места, односно 59 помалку отколку на претходните избори, со што е речиси сосема сигурно дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на почетокот на […]

Евакуиран шкотскиот парламент поради сомнителен пакет

ноември 7, 2017

Дел од шкотскиот парламент денеска е евакуиран откако во зградата е пронајден сомнителен пакет, јавуваат британските медиуми. Како што соопшти портпаролот на шкотскиот парламент, пакетот е пронајден на кат каде што се наоѓаат канцелариите на Ториевците. Истражувачот на „Би-би-си“ на својот профил на „Твитер“ напиша дека во пакетот имало бел прав и дека бил испратен […]

Шкотската премиерка ќе бара нов референдум за независност

март 13, 2017

Премиерката на Шкотска и претседателка на Шкотската национална партија, Никола Стурџен, повтори дека ќе бара дозвола за одржување втор референдум за независност на Шкотска. Таа соопшти дека од шкотскиот парламент следната недела ќе побара одржување реферндум, јавува „Би-би-си“. Стурџен наведува дека сака гласањето да се одржи во периодот од есента 2018 година до пролетта 2019 година. […]

Британците не им дозволуваат на Шкотите нов референдум

февруари 2, 2017

Британската влада би можела да го блокира вториот референдум за излез од Шкотска од составот на Велика Британија, што наиде на осуда во Единбург. Министерот за одбрана, Мајкл Фелон, ја изнесе идејата, по што се огласи премиерката на Шкотска, Никола Стурџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално. Фелон рече дека шкотската влада нема мандат да […]

Премиерката на Шкотска најави референдум за отцепување од Британија

октомври 13, 2016

Консултациите за распишување референдум за отцепување на Шкотска од Велика Бритаија почнуваат следната недела, соопшти премиерката Никола Стурџен на конференција на нејзината Шкотска национална партија (СНП). Првиот референдум беше одржан на 18 септември 2014 година, но тогаш 55 отсто од Шкотите гласаа против отцепување од Велика Британија. Сепак, сега ситуацијата би можела да биде значително поинаква, […]

Стурџен: Шкотска е одлучна да остане во ЕУ

јуни 29, 2016

Шкотската премиерка, Никола Стурџен, која денеска допатува во Брисел, рече дека Шкотска е одлучна и сака да остане во Европската Унија. Лидерите на ЕУ денеска првпат се среќаваат без претставници на Велика Британија. За време на првиот ден од самитот, тие го повикаа британскиот премиер Дејвид Камерон да го забрза изборот за негов заменик и […]

Шкотскиот парламент може да стави вето на Брексит

јуни 26, 2016

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, во изјава за „Би-би-си“, вели оти е можно шкотскиот парламент да го блокира излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, по референдумот во четвртокот. На референдумот 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците гласаа за напуштање на ЕУ. Во Шкотка, пак, сликата беше сосема поинаква, односно 62 отсто од […]

Шкотска подготвува закон за нов референдум за независност

јуни 25, 2016

Шкотската влада почнала да подготвува закон кој треба да овозможи нов референдум за независност на земјата, додека траат преговорите за нејзината позиција во Европската Унија, изјави денеска првата министерка, Никола Стурџен. „Новиот референдум за незавиност на Шкотска е сигурнa опција која треба да биде на маса и, еве, тоа се случува сега“, изјавила Стурџен, пренесуваат […]

Камерон најави оставка, Шкотска и Северна Ирска размислуваат за отцепување

јуни 24, 2016

Дејвид Камерон утрово соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер до октомври, откако граѓаните на Велика Британија изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија. Во говорот по одлуката на Британците за Брексит, Камерон рече дека волјата на британскиот народ мора да се почитува и оти тоа е упатство што мора да се почитува. Тој рече […]

Запленети повеќе од два тони кокаин кај Шкотска

април 26, 2015

Француските цариници заплениле повеќе од два тони кокаин од брод кој минувал покрај брегот на Шкотска. Како што соопшти француската Национална дирекција за царинско разузнавање и истрага, акцијата била спроведена во четвртокот, по добиен сигнал од француските царински служби.

Осум лица загинаа откако се преврти брод во Шкотска

јануари 5, 2015

Осумте члена на екипажот на товарниот брод „Семфјорд“ најверојатно се загинати откако во саботата бродот се преврти во немирните води на северниот брег на Шкотска поради лошите временски услови. Прекината е потрагата по екипажот кој бил составен од седум Полјаци и од еден Филипинец, во која учествувале два хеликоптери, четири бродови и пет спасувачки тимови. […]

Прв случај на ебола во Шкотска

декември 29, 2014

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола. Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус. Владата […]

Страна 1 од 1