fbpx

Шкотскиот парламент може да стави вето на Брексит

-

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, во изјава за „Би-би-си“, вели оти е можно шкотскиот парламент да го блокира излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, по референдумот во четвртокот.

На референдумот 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците гласаа за напуштање на ЕУ. Во Шкотка, пак, сликата беше сосема поинаква, односно 62 отсто од Шкотите гласаа за останување на Британија во ЕУ, наспроти 38 отсто, кои се изјаснија за излегување од Унијата.

Партијата на Стурџен има 63 од вкупно 129 места во шкотскиот парламент, кој, како и другите законодавни домови, треба да ја донесе легислативата за почнувањето на процесот за напуштање на ЕУ.

На прашањето на „Би-би-си“ дали Стурџен планира да побара од парламентот на Шкотска да не го поддржи донесувањето на законите, таа одговорила дека „секако“ ќе го направи тоа.

„Доколку шкотскиот парламент носи одлуки врз основа на тоа што е добро за земјата, тогаш опцијата која вели дека не треба да се гласа за нешто што е против интересите на Шкотска, секако треба да биде на маса“, вели Стурџен за „Би-би-си“.

Таа претходно изјавила дека заедно со нејзините колеги следната недела ќе почнат разговори со Брисел околу останувањето на Шкотска во ЕУ.

Шкотската лидерка, веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето за Брексит, потврди дека одржувањето нов референдум за независност на земјата е повторно во игра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...