fbpx

Талибанци киднапирале десетици патници

-

Авганистанските талибанци денеска пресретнале конвој автобуси и автомобили и киднапирале 66 патници, соопштија авганистанските власти.

Талибанците подоцна соопштија дека задржале 27 лица, а другите ги ослободиле.

Нападот се случил во провинцијата Хелманд.

Претставникот на провинцијата, Абдул Гафур Тохи, изјави дека талибанците запреле два автобуса и уште околу 15 други возила, ги претресле, што би значело дека барале некого или нешто.

Автобусите со цивили или лица за кои се верува дека работат за авганистанските власти, се честа мета на талибанците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.