Киднапер фатен благодарение на играта World Of Warcraft

Бил пронајден откако тинејџерката која ја киднапирал се логирала на својот акаунт на играта, по што се утврдила нејзината локација

Фото: WoW Hunter Скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Играта World of Warcraft придонела до тоа да се фати киднапер на 16-годишна тинејџерка откако Федерално истражно биро во САД (FBI) открило дека девојчето се логирало на својот World of Warcraft акаунт, кој бил врзан со нејзиниот телефон, со што ја откриле локацијата каде што била киднапираното девојче.

Гејмерите беа изненадени од тоа што FBI ги мониторира преку играта WoW и од страшниот случај. Технички, Близард, сопственикот на World of Warcraft, ѝ помогнала на полицијата во целиот случај. Името на 31-годишниот манијак е Тодлес Еберсол Динелас.

Следното видео е реакцијата на оваа вест на најпознатиот WoW Jутубер Asmongold:

Девојчето било од Охајо, а киднаперот од Флорида. Еберсол ја запознал малолетничката на играта World of Warcraft. Киднаперот возел преку 1000 милји за да  ја заведе малолетничката.

Еберсол изјавил на локалните шерифи дека „бил во ’романтична врска‘ со тинејџерката и планирал да ја скрие во својот дом во Флорида и да ја земе за жена“.

Девојчето се водело како исчезнато, а детективите ја пронашле преку IP адресата на компјутерот на осомничениот. 

Играта World of Warcraft овојпат спасила живот од погрозоморна судбина. Тоа е една од малкуте Масивни Мултиплејер Рол-плејинг Игри што нуди многу нивоа на безбедност за корисниците. Дополнително, таа е една од малкуте онлајн игри од овој тип што нуди високо ниво на контрола на родителите – тие може да мониторираат и да  отклучуваат и заклучуваат колку време ќе помине нивното дете во играње.

Секако, и возрасни играат World of Warcraft, кои всушност го претставуваат поголемиот дел од играчите, имајќи на ум дека се работи за скапа игра со редовна претплата. Но и покрај претплатата, многу од играчите се всушност деца и секој вид на злоупотреба на малолетни деца треба да биде спречен и не смее да помине неказнето.

Оваа состојба е особено слична со жалбите и поплаките на стримерите на Твич и Јутуберите во врска секакви сомнителни пратки по пошта кои ги добиваат како и тоа дека манијаци, кои најчесто се нивни фанови, ги демнат. Деманчите често се дури и претплатени на нивните Patreon профили – платформа на која фановите на онлајн креатори можат да ги финансираат со донации, а претплатниците добиваат пристап до дополнителни услуги, како приватен чет.

Близард чува целосни логови од текстуален чет во нивните бази, а од неодамна и во Overwatch 2 ги снима сите гласовни муабети во играта, првенствено поради говорот на омраза, а потоа поради безбедноста на играчите.

Добро е што технологијата оди напред за да може да спречат вакви злостори. Случајот е грозоморен, а овојпат видеоигра и фирмата која ја произведува спасиле живот.