fbpx

Петмина Индијци осудени на доживотен затвор за силување

-

Петмина Индијци се осудени на доживотна казна затвор во Њу Делхи, поради групно силување на 52-годишна жена од Данска во 2014 година.

Жената била ограбена и силувана во јануари 2014 година. Девет лица, меѓу кои тројца малолетници, беа уапсени за тоа злосторство. Еден од обвинетите почина, а на тројца им суди судот за малолетници.

Сексуалните злосторства се во пораст во Индија од 2012 година по масовното силување на студентка во автобус, која по инцидентот почина.

Петтемина осудени мажи имаат право да поднесат жалба на пресудата.

Жената од Данска се изгубила на пат до хотелот, по што им пришла на група мажи да ги праша за правец.

Таа, во полиција, во присуство на амбасадорот на Данска, дала детална изјава за тоа што се случило, пред да ја напушти земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...