fbpx

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе листи за пратеници

-

Народното движење за Македонија (НДМ) и ВМРО-ДПМНЕ се партите што ќе поднесат листи за кандидати за пратеници и кои сигурно ќе учествуваат на изборите, ако се одржат на 5 јуни. НДМ веќе ги достави листите до Државната изборна комисија (ДИК), додека владејачката партија се очекува тоа да го стори попладнево, пренесоа медиумите.

Директорот на центарот за комуникации на партијата, Иво Котевски, вели дека извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа заклучиле дека нема поголем приоритет од почитување на Уставот и на законите на Република Македонија.

– Членовите на овие две тела одлучија партијата денеска до Државната изборна комисија да достави листи на кандидати за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни. Извршниот и централниот комитет го утврдија составот на листите и по завршување на сите формалности, во законски предвидениот рок, тие ќе бидат предадени во ДИК. Извршниот и централниот комитет на партијата, исто така, одлучија да го поддржат учеството на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ во процесот на наоѓање излез од кризата во која СДСМ ја втурна Република Македонија – вели Котевски.

ДУИ и дефинитивно соопшти дека нема да поднесе кандидатски листи за избор на пратеници, а потврдено е дека листи нема да поднесе ниту СДСМ, како ни ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сиљановска Давкова се сретна со ректорите на државните универзитети

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се состана со ректорите на државните универзитети „Св. Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Св. Климент Охридски“, Државниот универзитетот во Тетово, како и универзитетот „Мајка...