fbpx

Ирачките демонстранти го напуштија парламентот

-

Демонстрантите кои вчера упаднаа во парламентот во Багдад го напуштија законодавниот дом по шест часа откако влегоа во силно обезебедуваната „зелена зона“, каде што се наоѓаат најважните владини институции и странски амбасади.

Припадници на групата Сараја ал Саламџ, која е формирана од шиитскиот свештеник Муктада ал Садр, побараа од демонстрантите да го напуштат парламентот, по што тие излегле од зградата, но останале во „зелената зона“ и започнале седечки протест на плоштадот Ихтифалат.

До влегување во парламентот дојде откако ирачките пратеници не успеале да се договорат за состав на новата влада. Ирачките безбедносни сили употребија солзавец и испукаа предупредувачки куршуми во воздух за да ги спречат приврзаниците на Садр да влезат во „зелената зона“. Специјални единици и сили на претседателската гарда се обиделе да не им дозволат на демонстрантите да го преминат мостот на реката Тигар во близина на американската амбасада.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади изјави дека ситуацијата во Багдад е под контрола на безбедносните сили.

Високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, го осуди упадот во парламентот и предупреди дека постои опасност од ново дестабилизирање на ситуацијата во Ирак.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...