fbpx

Друштвото „Илинден” ги стимулира децата во Албанија за изучување на македонскиот јазик

-

Македонското друштво „Илинден“ од Tирана, заедно со разгранокот за Голо Брдо, на децата што ги посетуваат бесплатните курсеви по македонски јазик во село Требиште, им подарија пакетчиња за новогодишните и за божиќните празници.

„Македонско друштво „Илинден“ и на овој начин ги стимулира најмладите да се залагаат за чувањето на македонскиот јазик, македонската култура, традиција и обичаи во областа Голо Брдо“, пишува електронскиот весник на македонски јазик „Илинден“.

Курсот го посетуваат деца на возраст од 7 до 14 години. Предавањата, двапати неделно, ги држи Спиро Марку, учител од село Врница во областа Голо Брдо во Албанија.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...