fbpx

Либерална партија бара либерализација на ТВ-етерот

-

Комисијата за транспорт и за комуникации при Либералната партија смета дека треба да му биде овозможено на секој ТВ-субјект кој има финансии, желба и кадровска екипираност да истрча на медиумскиот пазар.

Од ЛП велат дека сегашната методологијата за доделување национални ТВ-концесии на медиумите е прилично рестриктивна и непазарна и остава простор за манипулации.

– Приватните медиуми се приватни компании кои својата програмска понуда ја дефинираат врз основа на понудата и на побарувачката на пазарот. Државата не смее да врши селекција за тоа кој медиум ќе има поголема или помала гледаност, односно кој медиум ќе опстане, а кој нема – вели Александар Левески, претседател на комисијата за транспорт и комуникации на ЛП.

Според комисијата, на секој заинтересиран инвеститор треба да му биде овозможено да инвестира во бизнисот за кој смета дека може да биде профитабилен, вклучувајќи го и телевизискиот бизнис. Притоа на таквиот инвеститор треба да му биде овозможено да емитува програма за која смета дека ќе биде гледана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...