fbpx

Германија: Уапсени осум исламисти

-

Германската полиција уапси најмалку осум исламисти со германско државјанство за време на полициската акција во Северна Рајна Вестфалија. Рацијата е спроведена поради сомневање дека лицата со кражби во цркви и во училишта собирале средства за поддршка на џихадисти во Сирија.

Како што јавуваат германските медиуми, 240 полицајци учествувале во акцијата во центарот на Келн. Претресени се домовите на 20 осомничени лица, а полицијата кај дел од уапсените пронашла фалсификувани пасоши.

Германија најави дека ќе ги заостри кривичните мерки против лицата што ќе им се приклучат на терористичките организации или ќе ги финансираат ваквите организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...