fbpx

Заев: Очекуваме во најкусо време да се реализира Договорот од Пржино

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево се сретнал со амбасадорката на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалајнен.

На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија и за обезбедувањето услови за фер и демократски избори. Заев ја информирал амбасадорката Суомалајнен за најновите случувања во преговарачкиот процес околу Договорот од Пржино.

– Посветени сме на спроведувањето на Договорот од 2 јуни и од 15 јули. Очекуваме ваква сериозност од сите страни и продолжување на реализацијата на преземените обврски во најкусо време – рече претседателот на СДСМ, Заев.

Лидерот на СДСМ нагласил дека следните избори мора да бидат фер и регуларни со полн легитимитет, бидејќи тоа е решението за политичката криза во Македонија.

– Правиме внимателни чекори во таа насока и цврсто сме определени за стабилизација на државата – соопшти Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...