Почна седницата на Советот на јавни обвинители на која ќе се расправа и ќе се одлучува за предлог-тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева од 14 обвинители.
Втора точка на дневен ред е општиот работен, персонален и финансиски план што Јанева минатата недела го достави до Собранието, Владата и до Советот на јавни обвинители.
На седницата е присутна и специјалната обвинителка, која, како предлагач на тимот и подносител на плановите за работа, ќе ги образложи и ќе ги брани своите предлози.
Како член на Советот на јавни обвинители на седницата е присутен и државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски.
Пред почетокот на дискусијата, членовите на Советот се изјаснија дека состанокот ќе го водат зад затворени врати.
По завршувањето на состанокот, најавена е изјава од претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски.