fbpx

Подметната запалена гума под возило на битолчанец

-

Утрово, околу 2.10 часот, непознат сторител се обидел да го запали возилото на 56-годишниот битолчанец М.Ј., паркирано пред неговата куќа на улицата Димитар Хаџи-Попов во градот.

Според полициските информации, сторителот подметнал автомобилска гума под возилото, марка „џип“, и ја запалил.

Во случајот нема повредени, а пожарот го локализирал сопственикот на возилото. Полициски екипи извршиле увид на местото и во тек е истрага за расчистување на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...