среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: запалена | 11 резултати

Запалена гаражата на новинарот на „Публикум“, Зоран Милошески

јануари 25, 2017

Непознати сторители синоќа, околу 23 часот, во Прилеп, ја полиле со бензин и ја запалиле гаражата на новинарот и сопственик на порталот „Публикум“, Зоран Милошески. Пожарот го забележал станар на соседната зграда, чиј автомобил бил паркиран непосредно пред гаражата на Милошески, јави „Публикум“. Тој веднаш се симнал од станот, се јавил во прилепската полициска станица […]

Запалена фабрика за сулфур во близина на Мосул, стотици лица затруени

октомври 22, 2016

Стотици луѓе побарале медицинска помош поради проблеми со дишењето од отровните испарувања што почнале да се шират од фабрика за сулфур во близина на Мосул, која најверојанто била запалена од милитантите на Исламска држава, јавуваат светските медиуми. Засега нема пријавено смртни случаи поврзани со инцидентот, соопштиле од болницата во местото Каијари, близу Мосул. Според војската на […]

Подметната запалена гума под возило на битолчанец

октомври 6, 2015

Утрово, околу 2.10 часот, непознат сторител се обидел да го запали возилото на 56-годишниот битолчанец М.Ј., паркирано пред неговата куќа на улицата Димитар Хаџи-Попов во градот. Според полициските информации, сторителот подметнал автомобилска гума под возилото, марка „џип“, и ја запалил. Во случајот нема повредени, а пожарот го локализирал сопственикот на возилото. Полициски екипи извршиле увид […]

Запалиле една од палмите во Струга

август 17, 2015

Една од дваесетината палми засадени во последната акција во Струга, пламнала како факел, откако ја потпалиле неодговорни поединци – информираа од општина Струга. Дрворедот на палмите е во центарот на градот, веднаш до Советот на Општина Струга. – Навремената реакција од страна на ТПЕ-Струга го спречи ширењето на огнот и можноста да бидат зафатени и […]

Запалена една од палмите во Прилеп

јули 18, 2015

Една од палмите што беа засадени пред општинската зграда во Прилеп, синоќа беше запалена. Според фотографијата што протече на социјалните мрежи, се гледа како гори една од палмите кои беа засадени во паркот Методија Андонов-Ченто. Палмата најверојатно била запалена за време на полноќните забави, кои се одвиваат на бината на плоштадот Александрија, што се наоѓа во непосредна близина […]

Малолетник запалил палма во Велес

јули 2, 2015

Петнаесетгодишно момче, кон средината на минатиот месец, запалило една од засадените палми во Младинскиот парк во Велес. Од МВР информираат дека Секторот за внатрешни работи Велес го документирал настанот и ќе го достави до надлежното обвинителство. Според полицијата, настанот се случил на 12 мај, околу 23.50 часот, кога малолетникот, кој бил заедно со друштво во […]

Запалена продавница во Битола

јуни 9, 2015

Утрово, околу 2 часот, во битолската полиција било пријавено дека непознато лице предизвикало пожар во продавница на булеварот 1 Мај, информираат од полицијата. Во пожарот, продавницата „Елегант – Ловец – Јанков“, сопственост на А.Ј. од Кочани, целосно изгорела. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителот.

Страна 1 од 1