fbpx

НАТО: Русија не го прави тоа случајно

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека влегувањето на руските воени авиони во воздушниот простор на Турција не изгледа како „нешто што случајно се случило“.

Како што изјави Столтенберг, таквите инциденти се неприфатливи, а Русија и понатаму не дава сериозно објаснување за двете нарушувања на воздушниот простор на Турција.

Турција пред неколку дена испрати два борбени авиони за да ги „испрати“ руските ловци.

Русија соопшти дека првото нарушување на воздушниот простор траело неколу секунди и дека било предизвикано од лошите временски услови, додека за другиот инцидент изјави дека сè уште ги истражуваат турските наводи.

Рускиот пратеник во НАТО, Александар Грушко, изјави дека смета дека воената алијанса го кориси случајното влегување на авионите во турскиот воздушен простор како изговор погрешно да ги претстави целите на руската кампања за воздушните удари во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...