fbpx

Жестоки борби меѓу авганистанските сили и талибанците околу градот Кундуз

-

Жестоките борби околу градот Кундуз, во северниот дел на Авганистан, продолжиле и ноќеска, еден ден откако авганистанските безбедносни сили почнаа акција за да го повратат градот што во понеделникот беше заземен од талибанците, јавуваат светските агенции.

Официјални лица од војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопштиле дека синоќа извршиле два нови воздушни напади врз позициите на талибанците.

Како што јавуваат медиумите, вчера имало жестоки борби за преземање на контролата на аеродромот во Кундуз, кој се наоѓа на неколку километри од градот.

Заземањето на градот Кундуз, кој брои околу 300.000 жители, се смета за голема победа на талибанските милитанти, откако нивниот режим во Авганистан беше симнат од власт во 2001 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...