fbpx

Унгарската армија почна воена вежба на границата со Србија

-

Унгарската армија денеска почна воени вежби на нејзината јужна граница со Србија, како подготовка за евентуално нејзино вклучување во обезбедувањето на границата поради големиот наплив на мигранти.

Будимпешта, како што веќе најави унгарскиот премиер, Виктор Орбан, планира да испрати војници како засилување на полицијата на јужната граница, каде илјадници мигранти секојдневно влегуваат во земјата од Србија.

Предходно Унгарија постави ограда од бодликава жица долж граничната линија, за да го спречи влезот на мигрантите, потег што наиде на жестоки критики од дел од другите земји-членки на Европската унија.

Членовите на парламентот за оваа мерка треба да гласаат кон крајот на месецот.

Унгарските власти до крајот на оваа недела очекуваат во земјата да влезат околу 40.000 мигранти, од кои најголем дел се сириски државјани кои бегаат од воените жаришта и се обидуваат да стигнат до Германија, Австрија и до Шведска, односно до побогатите земји-членки на Европската унија, со полиберални закони за азил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...