fbpx

Започна средбата на работните групи

-

Почна состанокот на работните групи на партиите потписнички на Договорот од Пржино, на кој ќе се расправа за специјалниот јавен обвинител.

Тимот на СДСМ го претставуваат Рената Дескоска и Оливер Спасовски, додека интересите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска ги застапува само Никола Тодоров, министерот за надворешни работи Никола Попоски, наверојатно е отсутен поради кризата со мигрантите. Од албанските партии претставници се Артан Груби и Муса Џафери од ДУИ, како и Имер Алиу и Беким Фазлиу од ДПА.

За оваа точка, според изјавите на политичките партии, најтешко ќе се постигне договор имајќи ги предвид различните ставови на власта и на опозицијата.

СДСМ бара да се донесе нов закон за специјалниот обвинител, кој ќе му овозможи на вршителот на оваа функција целосна автономија во работењето, надвор од секакви партиски влијанија. Од друга страна, владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека сегашниот Закон за јавни обвинители е добар и остава можност да се формираат одделенија за криминал во кои би можел да функционира и специјалниот обвинител.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

До 13 часот за претседател гласале 23.95 отсто а за пратеници 25.84 отсто од гласачите

До 13 часот на Претседателските избори гласале 302.158 граѓани, односно 23.95 отсто од гласачите, додека, пак, на Парламентарните избори гласале 312.070 граѓани, или 25.84 отсто. Според податоците од Државната изборна...