fbpx

Судот ги одмрзна сметките на „Макпетрол“

-

Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 донесе одлука да ги одмрзне сметките на „Макпетрол“ и „Оилко“ и наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на нивните сметки.

„Кривичниот совет во рок од 24 часа имајќи го во предвид јавниот интерес и предлозите на странките во постапката, откако од страна на Јавното обвинителство Скопје во целост му беа доставени релевантни докази кои укажуваат на неопходноста од одмрзнување и деблокирање на сметките го преиначи решението на судијата на претходна постапка, така што го одби предлогот на Јавното обвинителство Скопје за замрзнување на средствата и донесе решение со кое им наложува на банките да го запрат извршувањето на мерката од решението на судијата на претходна постапка“, информираа од Основиот суд Скопје 1.

Судија на претходна постапка со решение наложи финансиските институции привремено да го следат платниот промет и трансакциите на сметките на правните лица „Макпетрол“ и „Оилко“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.