fbpx

Од денеска не важат замрзнатите цени на дел од основните прехранбени продукти

Министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена изјави дека нема да ја продолжи мерката, со оглед на тоа што инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува

-

Владината одлука за замрзнување на цените за дел од основните прехранбени продукти престанува да важи од денеска.

Министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена изјави дека нема да ја продолжи мерката, со оглед на тоа што инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува.

„Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто“, рече Бектеши. 

Со неколку владини одлуки, во последниве два месеца, беа замрзнати цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за јадење, јајцата, оризот, тестенините, млекото и млечните производи. Замрзнати беа и цените на пелените, тоалетната хартија, влажните марамчиња и хигиенските влошки.

Очекувањето на Министерството за економија е инфлацијата во јуни да биде пониска за 10 отсто, а властите велат дека добиле и гаранции од деловната заедница дека нема да има големи промени на цените.

„Сите предуслови за да останат цените на исто ниво, а можеби дури и да бидат помали се направени, сите претходни услови што беа креирани за да се зголемат цените сега ги нема, а електричната енергија не е на цената на којашто беше. Цената на суровини на светските берзи е намалена. Тоа значи дека и тие што произведуваат, но и тие што тргуваат, имаат услови реално да ги задржат намалените цени, како што беа замрзнатите цени, дури и да бидат намалени. Ние видовме дека на пазарот со зеленчук, природно се намалија дури за 40 проценти од замрзнатите цени и затоа одлуката е да се одмрзнат“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Првата одлука за замрзнување на цените беше донесена на 28 февруари кога се замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари, а потоа на 16 март Владата донесе одлука да се замрзнат и цените на дел од тестенините и млечните производи. На 21 март стапи во сила и одлуката за замрзнување на цените на оризот и јајцата, додека на 5 април беа замрзнати цените и на 11-те видови овошје и зеленчук.

Државниот пазарен инспекторат преку зголемен број контроли на терен вршеше проверки за почитувањето или непочитувањето на владините мерки.

Последниот податок од ДПИ беше дека за една недела, биле извршени над 170 надзори, а инспекторатот издал 53 прекршочни платни налози во вредност од над 1,1 милион денари за непочитувањето на замрзнатите цени.

Казни од 2,6 милиони денари за непочитувачи на замрзнатите цени

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска рече дека „замрзнатите“ цени на основните производи веќе нема да важат, но дека ако се забележи нивно вештачко зголемување, инспекциите веднаш ќе реагираат.

„Ако одредена компанија, и ова јавно го кажувам, одреден сектор вештачки се обиде да ги зголеми цените се знае дека институциите ќе влезат во функција и тоа нема да биде дозволено. Јас имав разговори, повеќето од разговорите ги направиле и моите служби или мојот тим каде што беше кажано дека за одредени производи би можело да има и намалување на цените“, истакна Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украина не мобилизира лица со Даунов синдром

Лицата со хромозомски пореметувања со значителни дисфункции, вклучително и лицата со Даунов синдром, не можат да служат војска, според Правилникот за воено-медицински преглед во вооружените сили на Украина. Украинскиот...