fbpx

Поплавените села добија чиста вода за пиење

-

Селата на Шар Планина и на нејзиното подножје зафатени од невремето, добија чиста вода за пиење. Анализите на Центарот за јавно здравје, покажаа техничка и бактериолошка исправност, во дел од резервоарите во овие населени места. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи која одржа заедничка прес конференција со Министерот за животна средина Нурхан Изаири, изјави дека при крај се и со дезинфекција на поплавените домови.

– Досега се дезинфицирани 230 оштетени објекти. Потоа ќе се дезинфицираат јавните површини, односно тротоари, улици и паркови. Остануваат да се расчистат уште 4 помали улици во Шипковица и неколку коловози во Порој. По расчистувањето, ќе се интервенира и на оштетената комунална инфраструктура – изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи.

Министерот за животна средина Нурхан Изаири, изјави дека Јавното Претпријатие Македонија пат работи на техничко решение за остранување на опасноста од ново свлечиште на земјата над село Шипковица.

– Над селото Шипковица по невремето се појави свлечиште на земјата, која секојдневно се симнува кон селото, но тука ние веднаш ќе интервенираме, по изработувањето на техничката документација – изјави Министерот Изаири.

Градоначалничката Арифи и Министерот Изаири, изјавија дека се работи на акциски план за регулирање на речните корита и сите водотеци кои доаѓаат од Шар Планина. Во планот ќе бидат дадени и други насоки, се со цел да се спречат нови ерозивни процеси. На акцискиот план ќе работат и странски експерти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...