fbpx

Англиската мафија шверцува мигранти од Франција во Велика Британија

-

Британски трговци со луѓе се вмешани во шверцот на мигранти од Франција во Обединетото Кралство, преку каналот Ла Манш, изјавил за „Би-Би-Си“, градоначалникот на францускиот град Тетегем, близу Данкирк.

Во дел од репортажата на британскиот национален сервис, нивната екипа забележала автомобили со британски регистарски таблички, во непосредна близина на кампот за мигранти на периферијата на Данкирк, град на северот на Франција.

Градоначалникот на Тетегем, Франк Дерсин, за „Би-Би-Си“ изјавил дека возилата се, како што рекол, на „англиската мафија“ и често можат да се видат таму, додавајќи дека Британците кои се жалат на мигрантите што се обидуваат да стигнат до островот „не сфаќаат дека овие автомобили се англиски и нивните сопственици се Англичани“.

Според „Би-Би-Си“, мигрантите од Данкирк плаќаат за транспорт до одредена локација, од каде се обидуваат да се качат во некој од шлеперите што транзитираат преку Ла Манш.

Сириски мигрант за „Би-Би-Си“ рекол дека потрошил 15.000 фунти (20.000 евра) за да стигне до Велика Британија и додал дека поголем дел од криминалците околу кампот се британски државјани. Мигрантот дал 12.000 фунти за да дојде од Сирија во Франција и уште 3.000 фунти за обидот да го помине каналот Ла Манш.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...