fbpx

„Солар импулс“ го почна својот лет преку Тихи Океан

-

Швајцарското експериментално летало на соларен погон, за долги дестинации, „Солар импулс“, го почна својот историски лет преку Тихи Океан, јавува „Би-Би-Си“.

Ова е втор обид на соларниот авион да го прелета Пацификот.

„Солар импулс“ полета од аеродромот во Нагоја, Јапонија, вчера во 18.03 часот, според средноевропско време и, според плановите, на Хаваи треба да слета по 120 часа лет.

Од „Солар импулс“ на својата интернет-страница, соопштиле дека пилотот на авионот, Андре Боршберг, ја поминал „точката од која нема враќање“.

Тимот на проектот, според „Би-Би-Си“, поминал речиси два месеци чекајќи поволни временски услови за прелетот на Пацификот.

На пилотот веќе не му останува опцијата да го сврти леталото и да се врати во Јапонија во случај да дојде до промена на временските услови.

Првиот обид за прелет на Тихи Океан беше прекинат кратко по полетувањето, поради промена на временските услови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тошковски: Ќе одговара секој кој незаконски ќе влијае во текот на изборниот ден

МВР ги има сите човечки капацитети, технички ресурси потребни за да гарантираме еден фер и демократски изборен процес и притоа македонскиот граѓанин слободно, врз основа на сопствено убедување си...